Економија Избор

Во тек е акцијата во „Тамаро ЛИМИТ“ – Добар леб за добар ден

Охрид, 5. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од вчера во охридскиот „Тамаро ЛИМИТ“ маркет започна новата и корисна акција за сите купувачи, која е под слоганот „Добар леб за добар ден – „Тамаро“ леб“.

Преку оваа акција, како што велат од „Тамаро“, продолжуваат со супер-атрактивните акции за своите потрошувачи.

Акцијата ќе трае до 10-ти овој месец, во терминот од 15:00 до 16:00 часот. Со секој купен „Тамаро“ леб во „Тамаро“ лимит маркетот (кој чини само 17 денари) потрошувачите добиваат гратис вкусна пилешка паштета ПКБ од 50 грама за само 8 денари.

– Дојдете и пробајте го највкусниот леб, секако со подарок, порачуваат од „Тамаро“ маркетите.

„Тамаро ЛИМИТ“ маркетот е најновиот член во „Тамаро“ семејството и се наоѓа во просториите на фабриката „Братство“, веднаш до „Тамаро“ маркетот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука