Избор Охрид

Свечен прием во СВР Охрид по повод Денот на македонската полиција

Охрид, 5. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во пресрет на 7-ми мај, Денот на македонската полиција и Денот на безбедноста, во СВР Охрид се одржа свечен прием.

СВР Охрид е современа полициска организација која во сузбивањето на сите видови криминалитет практикува современи полициски методи тактки и стратегии.

– Во таа насока слободно можеме да кажеме дека Охрид е најбезбедниот град, СВР Охрид е гарант не само за безбедноста на охриѓани, туку многу повеќе и на туристите. Состојбите во јавниот ред и мир се исклучително позитивни, во Охрид нема негово нарушување од поголем обем. Сите случаи се решаваат веднаш, со пронаоѓање на сторителите и соодветно документирање и поденсок до Основното јавно обвинителство. На полето на сообраќајот, во еден извесен перид бележиме намалување на бројот на сообраќајните незгод. И во иднина ќе се потрудиме трендот на намалување да продолжи, велат од СВР Охрид.

Во делот на имотните деликти и тешките кражби, во овој изминат период истите се намалени за 15%.

– СВР Охрид е ефикасна полициска организација чија работа се темели на извонредна координација со службите како и длабоки анализи на кривичните дела. Ние како полиција постоиме за граѓаните, тие се основниот императив кон коишто ние сме фокусирани како служба и работиме за нивната безбедност и сигурност, додаваат од секторот.

На свеченоста покрај вработените во СВР Охрид, присуствуваа претставници на локалната самоуправа, на јавни институции и медиуми, како и најстариот пензиониран полициски службеник, Димитрија Стојчески. (Крај)

извор: ОхридПрес   фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука