Економија

„Отекс“ АД Охрид најголем должник на УЈП според најновата листа

Охрид/Скопје, 11. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – На најновата листа на должници која ја објави Управата за јавни приходи, како најголем должник се јавува „Отекс“ АД Охрид, заедно со Јавното Претпријатие „Македонија пат“ и комуналните претријатија од Гостивар и Тетово.

Листата на должници се објавува на веб-страницата на Управата за јавни приходи во согласност со член 9 од Законот за даночна постапка. Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.

На листата се наоѓаат 4.417 должници.

Станува збор за долгови доспеани до 31-ви декември 2016 и неплатени до 30-ти април 2017 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. (Крај)

извор: УЈП фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука