Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Охрид е хуман: Средствата од хуманитарните паркинзи ќе се донираат за помош на Лулзим Демирали Лули и Алпај (Џани) Муфти

Охрид, 29. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Заедно со ЈП „Билјанини извори“ донесовме одлука собраните средства од хуманитарните паркинзи да ги донираме онаму каде што тоа е најпотребно, информира на неговиот официјален профил на Facebook градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков.

– Во овој момент проценивме дека овие средства им се најпотребни на двајцата наши сограѓани Лулзим Демирали и Алпај (Џани) Муфти кои водат животна борба. Вкупно собрани средства од хуманитарните паркинзи се 80.000 денари, а на нашите сограѓани ќе им бидат донирани по 40.000 денари. Воедно тука сакам да испратам и апел до сите оние кои се во можност да се приклучат кон повиците за донација и во рамките на нивните можности да донира, стои во објавата.

Go fund me линкови каде може да донираат и оние кои во моментов се надвор од Македонија:

Лулзим Демирали Лули

Алпај (Џани) Муфти

Во април годинава, исто така извршивме донација на собраните средства кои беа во износ од 62.420 денари на Центарот за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“. Ги повикувам граѓаните и гостите во Охрид што повеќе да ги користат овие паркинг простори, бидејќи на тој начин индиректно помагаат таму кај што има најголема потреба, информира Пецаков. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука