Избор Култура

„Медена земја“ во потесен избор за номинации во две категории за Оскар

Лос Анџелес, 17. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Десет странски филмови влегоа во потесниот список на остварувања кои се натпреваруваат за номинациите за Оскар. Меѓу десетте филмови е и македонскиот „Медена земја“.

Во пошироката конкуренција имаше 91 филм. Ова е прва година што Оскар ќе ја доделува наградата под ново име: најдобар меѓународен долгометражен филм. Категоријата претходно беше позната како најдобар филм на странски јазик.

Номинациите за 92-те награди на Академијата за филм ќе бидат објавени на 13-ти јануари. Церемонијата на доделувањето на Оскарите ќе биде одржана на 9 февруари во Лос Анџелес.

„Медена земја“ е македонски кандидат и за Оскар за најдобар странски филм, но во категоријата за најдобар документарец се квалификува поради победата на фестивалот Докавив во Тел Авив. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука