Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривични за две лица од Пештани поради „незаконит риболов“

Охрид, 26. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Секторот за внатрешни работи од Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 38-годишниот М.П. и 28-годишниот Н.Г., двајцата од охридското село Пештани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит риболов“.

– Пријавените на 15-ти декември 2019 година, околу 18:00 часот биле забележани во водите на Охридското Езеро кај населбата „Лагадин“, а во нивниот чамец биле пронајдени и одземени 120 парчиња риба, четири двојни рибарски мрежи, како и друга риболовна опрема, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука