Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Охриѓанец кршел апарати во казино на улица „Абас Емин“, го нападнал и обезбедувањето

Охрид, 30. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – На 29-ти јануари 2020 година, во 09:45 часот, во СВР Охрид пријавен е нарушен јавен ред и мир во казино лоцирано на улицата „Абас Емин“ во Охрид.

– Пријавено е карање, викање и кршење на дел од апаратите, извршено од Ж.Р.(28) од Охрид. Тој, од работниците на обезбедување Н.С.(37), И.И.(25) и Ц.Ч.(37) сите од Охрид, бил изнесен надвор од објектот каде физички ги нападнал. Напаѓачот е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука