Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Запленети четири мрежи со белвица кај Пештани

Охрид, 2. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Запленети четири мрежи со белвица кај Пештани.

Ноќеска при преземање мерки против „незаконит риболов“, полициски службеници од СВР Охрид, на брегот на Охридското езеро, кај Пештани, пронајдоа четири мрежи со уловени 74 парчиња риба белвица, кои се одземени и предадени на Хидробиолошки завод Охрид.

СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на лицата кои се сторители на казненото дело „незаконит риболов“, против кои ќе поднесе соодветна пријава. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука