Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривична за лице од Охрид коe на Facebook објавилo навредлива содржина и лични податоци за охриѓанец

Охрид, 2. декември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на лични податоци“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 44-годишниот Д.Д. од Охрид.

-Тој, на 8-ми октомври 2020 година на својот Facebook профил постирал објава со навредлива содржина и лични податоци на Д.М. од Охрид со што ги повредил неговите лични права и достоинство, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука