Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Пронајдена муниција од Втората светска војна при ископ на плажа во Струга

Струга, 3. декември 2020 (ОХРИДПРЕС) – На 1-ви декември во 13:45 часот, во ОВР Струга било пријавено дека при изведување ископ со багер на плажа, во близина на хотел во Струга, пронајдени се сандаци со куршуми различен калибар од Втората светска војна.

По извршен увид од овластен пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување и полициски екипи, констатирано е дека станува збор за стара и оштетена муниција, која е безбедно е подигната од стручните екипи. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука