Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривична за охриѓанец кој им овозможил да користат дрога на лица од Велес и Скопје

Охрид, 3. декември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 22-годишниот М.С. од Охрид.

-На 8-ми јуни 2020 година, при преглед извршен во негов патнички автомобил „Даеву-Тико“ паркиран во близина на бензиска пумпа во Охрид, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана и амфетамин, која пријавениот, им ја овозможил за користење на Т.А. од Велес и С.М. и А.К.Г., двете од Скопје, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука