Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Опожарена трска кај струшко Калишта

Струга, 3. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 2-ри март 2021 година, во 12:45 часот во ОВР Струга пријавен е пожар на трска кај месноста „Калишко Поле“ на брегот од Охридското Езеро, во близина на струшкото село Калишта.

– Од извршениот увид, констатирано е дека опожарена е езерска трска во должина од околу 400 метри и ширина од околу 40 метри, а со интервенција на Територијалната противпожарна единица, спречено е неговото натамошното ширење. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: Митков в Twitter

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука