Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес облачно и студено време со врнежи од дожд и снег и температура до 4. степени

Охрид, 21. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Времето денеска ќе биде облачно и студено, на пониските места со мешани врнежи од дожд и снег, а на планините и на повисоките места само од снег. Во утринските и ноќните часови врнежите ќе бидат претежно од снег.

Максималната температура во Охрид ќе достигне до 4. степени.

– Денес и утре ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на некои пониски места, особено во ноќните и утринските часови. Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови (локално над 30 л/м2). До утре кон крајот на денот на планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а нова од околу 15 см ќе има и речиси насекаде во западните и североисточните делови. Мала снежна покривка до околу 5 см ќе се формира и во Скопската Котлина. Од утре до среда ќе дува повремено силен ветер од северен правец (локално и над 60 км/час). Од вторник ќе преовладува променливо облачно и студено време со ниски утрински температури, а во вторник и во среда кон крајот на денот на места ќе има услови за провејување на снег, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука