Избор Македонија Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Охрид ќе го одбележи Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

Охрид, 24. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – И оваа година древниот Охрид, лулката на словенската писменост, достојно ќе ги чествува нашите духовни татковци, сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

Во градскиот парк, пред споменикот на Св. Кирил и Методиј во 16:30 часот ќе биде положено свежо цвеќе , по што од 17:00 часот е закажана културна програма во црквата „Св. Софија“.

24-ти мај – Ден на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

24-ти мај, се прославува како Ден на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, браќа родени во Солун во IX век, кои станале мисионери на христијанството помеѓу Словените од Голема Моравија и Панонија. Преку нивната работа тие влијаеле врз културниот развој на сите Словени, поради што ја добиле титулата Апостоли на Словените. Тие се заслужни за изумување на глаголицата, првата азбука искористена да се препише старословенскиот јазик. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука