Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајка кај струшко Радолишта, повредено едно лице

Струга, 27. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 26-ти јуни 2021 година, во 14:20 часот било пријавено дека во Струга, на локален пат за селото Радолишта, се случила сообраќајна незгода во која е повредено едно лице.

– Во незгодата учествувале патничко моторно возило марка „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 60-годишниот А.Ш. од струшкото село Делогожда и патничко моторно возило „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки управувано од 39-годишниот А.А. од Струга. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот А.Ш. констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, а со телесни повреди се здобиле сопатникот од истото возило Ш.К.(20) од Република Албанија и возачот А.А. констатирани во Медицинскиот центар во Струга. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Струга, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука