Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Инцидент во угостителски објект на плажа во „Градиште“, повредено едно лице

Охрид, 27. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 26-ти јуни 2021 година, во 18:12 часот во СВР Охрид било пријавено дека се случил инцидент во угостителски објект на плажа во „Градиште“ во кој е повредено едно лице.

– Лицата С.К.(23) и С.К.(21) двајцата од Охрид физички го нападнале 27-годишниот В.С. од Охрид и притоа фрлале разни предмети од инвентарот во објектот (стаклени чаши, столици, маси) и му нанеле тешки телесни повреди. Се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука