Економија Избор Македонија

Јунските пензии од денеска на сметките на пензионерите

Скопје/Охрид, 29. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Започна исплатата на јунските пензии во деловните банки за клиентите кои не користат платежни картички.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.06.2021 година (вторник);
– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.06.2021 година (среда);
– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.07.2021 година (четврток);
– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.07.2021 година (петок).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, независно од висината, со парите можат да располагаат веќе од денес. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука