Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

МВР изрече 348 санкции за пребрзо возење, од нив 67 на територијата на СВР Охрид

Скопје/Охрид, 29. јуни 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на вчерашниот ден, понеделник 28-ми јуни 2021 година, во периодот од 08:00 до 14:00 часот Министерството за внатрешни работи (МВР) спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.

– При тоа се санкционирани 348 возачи. Од нив, 77 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 15 возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Најмногу санкции се изречени на територија на СВР Тетово 70, потоа СВР Охрид 67… Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука