ЕКОЛОГИЈА Избор Струга ТОП ВЕСТИ

Левица поднесе барање за вонреден инспекциски надзор поради депониран градежен шут на струшкото крајбрежје

Струга, 3. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Партијата Левица поднесе Иницијатива за вршење вонреден инспекциски надзор поради депониран градежен шут на струшкото крајбрежје.

Депонираниот градежен шут е во близина на запаленото подрачје со трска, за кое Левица поднесе кривична пријава против непознат сторител.

– Охридското Езеро, како езеро кое по својата научна вредност е дел на природата со една или повеќе природни карактеристики и специфични, загрозени или ретки обележја, својства или форми и има посебна научна, културна, воспитно-образовна, духовна, естетска или туристичка вредност и функција е класифицирано како „заштитено подрачје – категорија III – Споменик на природата“. Врз основа на таквата класификација, со членот 76 ст. 3 се забрануваат било какви активности во спомениците на природата и во нивната непосредна близина со кои се загрозуваат неговите обележја и вредности. Доколку овластениот инспектор за животна средина при вршење на инспекцискиот надзор утврди постоење на неправилности, бараме веднаш на физичкото лице да му изрече глоба за сторен прекршок. Дополнително, доколку е можно да ги прошири наводите и констатира постоење на основано сомнение, го охрабруваме овластениот инспектор за животна средина, за настанот да поднесе и соодветна кривична пријава, реагираат од партијата. (Крај)

извор: Левица Струга фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука