Економија Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Забрана за движење за викенд за камиони над 7,5 тони на патот Скопје-Охрид-Скопје

Охрид, 5. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Од први јули 2021 година започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 01.09.2021 на магистрален пат А2 делница: Скопје-Охрид-Скопје со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, информираат од АМСМ.Временските интервали се следни:

– петок: 15:00-22:00 часот,
– сабота: 07:00-12:00 и 18:00-24:00 часот и
– недела: 07:00-22:00 часот.

Овој посебен режим на сообраќај се воведува во текот на летото со цел избегнување на застојот во сообраќајот на патната делница кон Охрид, најпосетуваното туристичко место во Република Македонија, намалување на застоите на пунктовите за наплата на патна такса и воопшто побрз проток на возилата и непречено движење на туристите.

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат живи животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока. (Крај)

извор: АМСМ фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука