Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Турнири во шах за ученици од основно образование од Охрид

Охрид, 3. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во ООУ „Братство Единство“ во Охрид, вчера се одржаа турнири во шах за ученици од основно образование од Охрид.

На Младинскиот турнир „Ласкер 2021“ – кадети (до 14 години) учествуваа 13 момчиња и девојчиња, Јулиан Матески од ООУ „Григор Прличев“ го освои првото место со 6 поени од 6 партии, Стефан Матески од ООУ „Григор Прличев“ го освои второто место со 5 поени, а третото место го освои Елена Лушеска од ООУ „Братство Единство“.

На Младинскиот турнир „Ласкер 2021“ – пионери (до 10 години) учествуваа 9 момчиња и девојчиња, Јована Котушеска од ООУ „Григор Прличев“ го освои првото место со 6 поени од 6 партии, Надалина Зимоски од ООУ „Григор Прличев“ го освои второто место со 4,5 поени, а третото место му припадна на Вук Бурмаја од ООУ „Григор Прличев“ со освоени 4 поени.

Сите учесници добија дипломи за учество и скромни награди. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука