Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Денеска „Youth day“ на платото пред Центарот за култура „Григор Прличев“

Охрид, 3. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на одбележување на Неделата на млади 1-7 октомври, младите од Клубот на млади при Црвен крст Охрид, денеска, во периодот од 12:00 до 14:30 часот, ќе го организира забавниот настан „Youth day“, на платото пред Центарот за култура „Григор Прличев“.

Под мотото „Нашата приказна продолжува со тебе“, преку најразлични едукативни работилници и перформанси ќе се поттикнува хуманоста и креативноста кај младите.

– Посетителите на овој јавен настан ќе имаат можност да учествуваат на работилница за танц, да бидат дел од изработката на графит-мурал на ѕид кај Центарот за култура, да учествуваат на тим билдинг и photo booth сесијата, да пристапат до најголемото хуманитарно семејство на Црвениот крст и да уживаат во многу други интересни содржини подготвени од младите на Црвен крст Охрид. Гарантираме младост, хуманост и забава. Реализацијата на овој настан е помогната од канадската организација Canadians For Children At Health Risk со која Црвен крст Охрид има долгогодишна успешна соработка, информираат од Црвен крст Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука