Избор Избори 2021 Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

Божиновски: Охриѓани немаат кратка меморија, ќе стават крај на владеењето на СДСМ и Георгиески

Охрид, 3. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – ЌЕ Георгиески соочен со својот крај ветува сè и сешто, но тоа кај охриѓани веќе не поминува, порача на денешната прес конференција Перчо Божиновски, портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Охриѓани немаат кратка меморија, па да го потсетиме Георгиески на неговите предизборни лаги и нула реализирани капитални проекти. Доколку не сме во право, уште веднаш Георгиески да ни покаже каде е новиот здравствен дом. До каде е изградбата на нов спортски комплекс? Каде се четирите нови училишни спортски сали и новите спортски игралишта? Уште колку пати ќе ветува нов лик на плоштадите „Крушевска Република“ и „Свети Климент Охридски“? Што се случи со депонијата Буково, ја затвори ли според препораките на УНЕСКО? До каде е изградбата на фабрика за отпад? Ни трага, ни глас од гасификацијата на Охрид. Нека ги извади розовите наочари и нека каже каде се новите катни гаражи што ги ветуваше! Ветувањата на Власта веќе немаат ниту сила, ниту моќ. Листата на лаги на ЌЕ Георгиески е преголема за може да собере сè на едно место! Не сме исти! Гарантираме проекти, а делата зборуваат за тоа! Охриѓани има да стават крај на владеењето на СДСМ и Георгиески. Заокружи 7 за подобар Охрид, порачаа од партијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ВМРО-ДПМНЕ

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука