Охрид, 3. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Охрид мора да има информатичко-технолошка зона и мора да биде пример за дигитална општина. Општина во функција на подобрување на квалитетот, достапноста и брзината на услугите во интерес на граѓаните, порача на денешната прес конференција Александра Настоска – Николоска, кандидат за член на Советот на Општина Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
– Гарантираме отворање информатичко-технолошка зона која нуди субвенции, бесплатни канцеларии за поединци и компании наменети за IT Секторот. Во рамките на зоната се планира формирање на центар и простории за старт-ап компании. Со понатамошна нејзина промоција ќе се поттикне привлекување на големи странски компании од областа на IT Секторот. Општина Охрид мора да прерасне во информатичко-технолошка општина достапна за сите, во секое време. За таа цел предвидуваме основање општински инвестиционен фонд за компании, којшто ќе помага и ќе поддржува развој на иновативни проекти, кои се во насока на зајакнување на локалната економија, со акцент на иновативни технологии и иновативни старт-ап компании. Гарантираме дигитализација – Smart City. Една од најважните заложби е дигиталната трансформација на Општина Охрид преку поставување на бесплатен Wi-Fi интернет на повеќе локации во градот, просторно уредуваање на Инфо биро на влезот на градот Охрид, со поставување бесплатен Wi-Fi интернет. Се обврзуваме да го воведеме концептот – Паметен град – Smart City преку развивање софтвери за поефикасно функционирање на општината. Во таа насока има да обезбедиме унифициран софтвер за концептот – паметен град. Предвидуваме и воведување унифициран електронски податочен систем (open data system) за управување и следење на документи од страна на надлежните и граѓаните кој ќе овозможи потранспарентен пристап на следење на секој документ што влегува во општинската архива и секој граѓанин ќе има увид кој документ, до која фаза и кај кој вработен се наоѓа. Заокружи 7 за информатичко-технолошка зона! 7 за унифициран електронски податочен систем! 7 за Д-р Кирил Пецаков и победничкото мнозинство во Советот на Коалицијата „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, порачаа од партијата. (Крај)
извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ВМРО-ДПМНЕ