Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Под мотото „Нашата приказна продолжува“, младите охриѓани го одбележаа својот Ден на млади – Youth Day

Охрид, 3. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Младост, хуманост, позитивна енергија ширеа и денес младите волонтери на Црвен крст Охрид, овојпат од платото пред Центарот за култура „Григор Прличев“ каде во прекрасно дружење, многу едукативни и креативни содржини и забава го одбележаа својот Ден на млади – Youth Day.

– „Нашата приказна продолжува“ беше мотото на овој настан кој привлече многу посетители, особено од редот на младите од нашиот град кои ја искористија можноста да се информираат за активностите на Црвен крст Охрид и се зачленат и станат волонтери на Клубот на млади при Црвен крст Охрид. Дел од нашите волонтери својот талент го изразија преку изработка на графит-мурал на еден од зидовите на Центарот за култура, дел се забавуваа играјќи креативни игри, дел ги анимираа најмладите минувачи и нивните родители да бидат дел од photo booth сесијата, а сите учествуваа на работилницата за танц. Едногласна и силна беше пораката на младите на Црвен крст Охрид до сите наши сограѓани и до своите врсници, да се приклучат на големото хумано семејство на Црвениот крст каде на најефикасен и најкорисен начин ќе можат да ја негуваат хуманоста, солидарноста и благородноста и да се развиваат во високо морални личности, информираат од охридскиот Црвен крст.

May be an image of 4 people, people standing, balloon and outdoors

Изразуваат благодарност до Центарот за култура „Григор Прличев“, балетското студио „Соната“ и организацијата Canadians For Children At Health Risk (CCHR) од Канада кои го помогнаа одржувањето на овој настан. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука