Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајка кај влезот за аеродромот во Охрид, повредено едно лице

Охрид, 29. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 28-ми јануари 2022 година, во 06:20 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај влезот за аеродромот во Охрид, патничко возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 64-годишниот Н.К. од Скопје излетал надвор од коловозот.

– Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид извршија полициски екипи од СВР Охрид, информираат од Секторот. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука