Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

39 санкции за брзо возење на територија на СВР Охрид

Охрид, 7. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на вчерашниот ден, 6-ти февруари 2022 година, на територијата на СВР Охрид спроведена e акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што се санционирани 39 возачи.

– Од нив две возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 30 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а девет надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука