Економија Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Осма недела по ред зголемување на цените на бензините и дизелот

Скопје/Охрид, 14. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Од полноќ повторно раст на цените на нафтените деривати.

Па, така литар Еуросупер БС-95 ќе се точи за 82, Еуросупер БС-98 за 84, а Еуродизел БС (Д-Е V) за 74 денари.

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски во изјава за ТВ 24 потврди дека цената на бензините ќе се зголеми за еден денар, а на дизелот за половина денар во споредба со минатата недела. Додаде дека како регулатор не можат да влијаат на цената на горивата, имајќи ја во предвид структурата.

– За жал осма недела по ред ќе има ново поскапување на бензините и дизелот. Како РКЕ не можеме да влијаеме на цената на горивата, имајќи ја во предвид структурата. За цената на бензините околу 43% отпаѓа на набавната цена што е на берзите и немаме никакво влијание, соодветно на тоа е и курсот на доларот. Потоа околу 49% отпаѓа на давачките кон државата, ние може да влијаеме само на околу 7,5% на цената на бензините. Кај дизелот, 37% отпаѓа на набавната, 8,7% е маржата и 55% отпаѓа на давачки кон државата. Ако се анализираат цените во регионот, Македонија има најниска цена на дизелот во регионот, која изнесува 1,19 евра за литар, рече Бислимоски.

Очекува и во наредниот педиод да има нестабилна состојба на цената на нафтата, но верува дека ќе се разреши кризата во Украина и Русија и ОПЕК ќе прифати да го згоелми своето производство на нафта. (Крај)

извор: ТВ24/ ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука