Економија Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Измените на Законот за минимална плата на седница на Законодавно-правната комисија

Скопје, 21-ви февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во Собранието денеска седница треба да одржи Законодавно-правната комисија.

На дневен ред е Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Македонија, по скратена постапка. Откако ќе помине и на оваа комисија, предлог законот ќе биде ставен на дневен ред на усвојување на пленарна седница.

Со предлог-законот минималната плата ќе се зголеми од 15.200 на 18.000 денари, а ќе почне да важи со мартовската плата. Исто така, се менува и методологијата за пресметување на минималецот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука