Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Одземени над 100 парчиња охридска пастрмка незаконски уловена во Охридското Езеро

Охрид, 21. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 20/21.02.2022 година, во периодот од 17:00 до 01:00 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор – Охридско Езеро презеле мерки и активности за откривање и спречување незаконит риболов.

– Во водите на Охридското Езерo, наспроти населбата „Свети Стефан“, на околу 1.000 метри од брегот, пронашле рибарска мрежа со улов од 119 парчиња риба охридска пастрмка, со вкупна тежина од 45,5 килограми. Рибите и мрежата биле подигнати од местото и однесени во Полициската станица за граничен надзор – Охридско Езеро за натамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука