Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Во јануари во Охрид издадени 2 одобренија за градба

Охрид, 15. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во првиот месец од оваа година во Охрид биле издадени само две одобренија за градба, објави Државниот завод за статистика.

Во првиот случај инвеститор е физичко лице, а во другиот правен субјект.

Во анализираниот период во општина Дебрца нема издадено одобрение за градење, додека во општина Струга издадено е едно одобрение и тоа на деловен субјект.

На ниво на Македонија во јануари 2022 година издадени 259 одобренија за градење. Од вкупниот број издадени одобренија, 154 се наменети за објекти од високоградба, 24 за објекти од нискоградба и 81 за објекти за реконструкција.Од вкупно 259 објекти, на 171 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 88 инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 353 станови, со вкупна корисна површина од 33.312 м². (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука