Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Атлетичарот Јован Стојоски единствен македонски претставник на Светското првенство во Србија

Охрид, 15. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Атлетичарот на АК „Охрид“ Јован Стојоски ќе биде единствениот македонски претставник на Светското првенство во сала, што од 18-ти до 20-ти март ќе се одржува во Белград, Србија.

На првенството најавено е учество на 680 атлетичари од 137 земји. Стојоски ќе се натпреварува во дисциплината 400 метри, во која неодамна постигна личен резултат и рекорд на Македонија со време 47.18 секунди. Неговиот прв настап во квалификациите според распоредот е в петок, 18-ти март, во 11:00 часот, а во конкуренција се 29 атлетичари.

Можно е да е слика од 1 лице и текст кој вели „WORLD ATHLETICS INDOOR CHAMPIONSHIPS BELGRADE 22 Men's 400m Jovan STOJOSKI“

Стојоски претходно учествуваше на „Belgrade Indoor Meeting“ што се одржа во Штарк Арена, а пред тоа на почетокот на месецов учествуваше на Балканското првенство во сала, за сениори, што се одржи во Истанбул, Турција.(Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука