Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Македонски таекводнисти повторно дел од Европската Таеквондо ИТФ елита во Пореч, Хрватска

Охрид, 22. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Таеквондо ИТФ Македонија под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски црн појас V дан, поранешен светски вицешампион, од 25-ти март до 2-ри април ќе учествува на Европското Таеквондо ИТФ првенство во Пореч, Хрватска.

Боите на нашата држава ќе ги бранат пет искусни натпреварувачи:

Хриситјана Парулеска, црвен појас, ќе се натпревараува во девојчиња 11-14 години во две дисциплини, форми за црвен појас, борби – 45 кг.
Давид Крстески, црн појас I дан, ќе се натпревараува во јуниори 14-15 години во две дисциплини, форми црн појас I дан, борби – 55 кг.
Елена Јанеска, црн појас I дан, ќе се натпревараува војуниорки 14-15 години во две дисциплини, форми црн појас I дан, борби – 65 кг.
Давид Велковски, црн појас I дан, ќе се натпревараува во сениори во две дисциплини, форми црн појас I дан, борби – 71 кг.
Божидар Димитриевиќ, црн појас I дан, ќе се натпревараува во сениори во две дисциплини, форми црн појас I дан, борби – 85 кг.

Нема достапен опис

Нема достапен опис

– Подготовките течеа последните два месеци секојдневно , го дадовме нашиот максимум и се надеваме на солидни резултати, иако поради ситуацијата со Covid-19 го изгубивме континуитетот на натпревар. Познато ни е дека Давид Крстески на 11 години се закити со медал од Европското првенство во Римини, Италија во 2019 година, а Божидар Димитриевиќ и Давид Велковски на Светското првенство во Пловдив-Бугарија во 2019-та стигнаа до четвртфинале во борби, што ни е добар показател да се надеваме на добар пласман и на ова Европско првенство. Сите натпреварувачи имаат освоено многубројни медали, па се надеваме дека ќе го дадат максимумот и ќе не израдуваат со добар пласман. Огромна благодарност повторно упатувам до генералниот спонзор „ПН Метал“, кој е најзаслужен за нашиот настап на ова Европско првенство, вели предводникот на нашата репрезенатција Марјанчо Лазаревски.

Сите членови на нашата екипа имаат антидопинг сертификати кои се задолжителни за учество на сите врвни натпреварувања. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука