Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривични пријави за две лица од Струга, сторители на две кражби во селото Теферич

Струга, 23. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 43-годишниот Р.М. и малолетник, двајцата од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“.

– Двајцата, на 9-ти и 10-ти март 2022 година, со употреба на физичка сила влегле во две работилници во селото Теферич и одзеле алат и повеќе предмети од бакар и месинг, со што се стекнале со противправна имотна корист од околу 30.000 денари, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука