Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Општина Охрид преку програмата „ЕУ за Општините“ го реализира проектот „Ohrid GO“ вреден 716.766 eвра

Скопје/Охрид, 23. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – На пригодна свеченост, градоначалникот на Охрид д-р Кирил Пецаков, денес го потпиша договорот за кофинансирање на проекти во рамки на програмата „ЕУ за Општините“ и „Прекугранична соработка“.

– Општина Охрид преку програмата „ЕУ за Општините“ го реализира проектот „Ohrid GO“ кој е во вредност од 716.766 eвра, а партнери на проектот се Општина Воден од Грција и Стелар Солушнс од Скопје. Договори за соработка потпишаа 19 општини, од кои 8 општини во рамки на програмата „ЕУ за Општините“, а 11 општини во рамки на програмата за „Прекугранична соработка“, информира Пецаков.

May be an image of 4 people, people standing, suit and indoor

May be an image of 13 people and people standingДодава дека по завршувањето на свеченоста се одржала и панел дискусија на тема „Општинска дигитализација“ и „Прекугранични предизвици за локалните власти и поглед на ИПА III“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука