Избор Култура ТОП ВЕСТИ

В недела е Светски ден на театарот, Охрид веќе 11 години има професионален театар

Охрид, 25. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – В недела се одбележува Светскиот ден на театарот, 27-ми март.

Возобновувањето на театарскиот живот во Охрид има историска димензија, не само за охриѓани и за тимот актери туку и за љубителите на театарот. Огромно е задоволството да се застане на штиците што живот значат.

Во оваа форма, како Национална установа во рамки на Центарот за култура Народниот театар Охрид опстојува од 2011 година, по долгогодишни иницијативи во Охрид да се возобнови професионалниот театар. Охриѓани со радост се сеќаваат на премиерите на охридскиот градски градски театар, во 50-те години на минатиот век кога актерската екипа од 15 млади луѓе со голем ентузијазам и елан внесувале нов дух во градот. Корона пандемијата, што се уште е актуелна, особено го погоди и театарот, празни сали, одложени претстави имаше изминативе година и пол. Сега со постепеното подобрување на состојбите, публиката пополека се враќа во салите, да даде поддршка на сработеното на актерите и да се релаксира од секојдневието.

Нема опис за фотографијата.

Во изминативе 11 години се продуцирани 30-на премиери, бројни гостувања на повеќе фестивали. Прва беше „Метаморфози“ во режија на Андреј Цветаноски.

Годинава автор на меѓународната порака по повод Светскиот ден е американскиот режисер на театарски претстави и опери Питер Селерс, а на македонската театрологот, професор на ФДУ Скопје и писателка, д-р Ана Стојаноска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука