Избор

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ продолжуваат со тековните активности

Охрид, 25. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ од Охрид, денес продолжија со тековните активности за уредување на централното градско подрачје.

– Извршени се активности за расчистување на езерското крајбрежје од расфрлан отпад, поткастрување на дрворедите во градското подрачје, а се помагаше и со носење земја на улицата „Македонски Просветители“, ја информираат јавноста од претпријатието. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука