ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

По пауза од две години, Охрид претставен на престижниот Саем за туризам во Србија

Охрид, 25. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – По пауза од две години, поради Covid-19 кризата, Охрид повторно беше претставен на Саемот за туризам во Република Србија.

– Во рамки на саемот зборував пред учесниците на Саемот и српските туристички работници за туристичките вредности и потенцијали на Охрид. Горди сме што во континуитет ја подобруваме туристичката понуда, а постојано ги следиме светските трендови и затоа покрај постоечките, креираме и новиоблици на алтернативен туризам. Изготвуваме и заеднички проекти со соседните земји, со што на туристичките работници им овозможуваме да понудат нови пакети и кружни тури со што ќе се побуди интересот на гостите од целиот свет, истакна градоначалникот на Охрид д-р Кирил Пецаков, кој присуствува на 43-то издание на престижниот Меѓународен саем за туризам во Белград.

May be an image of 8 people, people standing and indoor

May be an image of 5 people, people sitting, people standing and indoor

Првиот ден од саемот беше отворен само за професионалци во туристичката индустрија на кои им се овозможи удобна работна средина со цел подобро вмрежување со тековните партнери и запознавање на нови. Меѓународниот саем за туризам во Белград обезбедува едноставно пребарување на бази на податоци на изложувачите и деловните посетители преку Б2Б Портал. Покрај порталот, оваа година е одвоен посебен простор за организирање на средби на „B2B Meetings“ помеѓу деловните посетители и изложувачите, како и излагачите меѓу себе. Секоја година, на површина од 30.753 m2 се претставуваат 900 излагачи од 50 земји, 65.000 посетители и над 12.500 професионалци од туристичката индустрија – учесници, посетители и гости, од кои 650 се домашни излагачи во рамките на програмата „Србија на едно место“ и 250 странски излагачи, како и 1.000 новинари од Србија и регионот.

Забележан е брз раст на српски туристи и тоа за 275% во 2021-ва споредбено со 2020 година, интересен е податокот за растот на остварени ноќевања на српски туристи и тоа за 257% во 2021 година споредбено со 2020 година. Пикот на српски туристи кои ја посетиле Република Македонија за 2021 година бил во летните месеци, и тоа јуни, јули со акцент во месец август со реализирани 9497 посети од страна на српски туристи. Додека пак, пикот на остварени ноќевања на српски туристи во Република Македонија за 2021 година бил во месеците јули со 18.195 ноќевања и август со 21.540 ноќевања. Зголемувањето на српските туристи во Охрид е забележан во изминатата година и тоа во 2019 година Охрид бил посетен од 10.035 туристи додека во 2021 година го посетиле 12.627 српски посетители. Зголемениот проток на туристи меѓу двете земји може да ја воочи потребата од враќање на конекцијата Белград-Охрид-Белград, се мисли на сезонска авиолинија која во минатото многу добро функционирала. Српските туристи во Република Македонија освен Охрид го посетуваат и винскиот регион каде што уживаат во македонските вина и гастрономијата, како и Дојран, зимските центри и главниот град Скопје.

May be an image of 7 people, people standing and indoor

Во топ 10 земји (се мисли на туристи од дадената земја кои ја посетиле Република Македонија во 2021 година) Србија е на прво место, со остварени 43.914 посети. За српскиот туристички пазар и за македонскиот дојдовен туризам значаен податок е директната авионска линија со авиокомпанија Air Serbia на релација Скопје-Белград-Скопје која оперира 3 пати неделно, и тоа понеделник, петок и недела.

Српскиот туристички пазар е еден од најзначајните за македонскиот туризам, па поради тоа се превземаат активности за промоција со цел зголемување на бројот на српски туристи и остварени ноќевања. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот реализира медиумските активности за промовирање на туристичките потенцијали на Република Македонија во Србија и истата за 2022 година ќе се реализира преку онлјан кампања на најчитаните интернет портали. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Општина Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука