Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 14. степени

Охрид, 29. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 14. степени.

– Во следните денови времето ќе биде променливо облачно, од четврток со засилен јужен ветер и со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни. Во петок и сабота во попладневните часови ќе биде нестабилно со поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука