Избор Локална самоуправа

Се санира плоштадот кај „Мини маркет“

Охрид, 29. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – По налог на Општина Охрид, екипи на јавните претпријатија започнаа со санација на плоштадот кај „Мини маркет“, кој подолг временски период беше неуреден и запуштен.

Се врши темелно чистење на целиот потег, се спроведуваат градежни активности за промена на оштетените гранитни плочки и се врши поправка на фонтаните за вода.

Според планираното, во текот на наредните денови ќе се изврши санација на урбаната опрема, а ќе бидат поставени нови клупи за седење и корпи за отпадоци. Исто така, ќе биде извршено соодветно хортиклутурно уредување на зелените површини со нови цветни насади и зеленило.

Овие активности се во насока на враќање на првичниот изглед на плоштадот и негово ставање во функција за граѓаните, како место за одмор и релаксација. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука