Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Омилени 3 песни Охрид ТОП ВЕСТИ

Ѓоко Симјаноски во „Моите 3 омилени песни“ на Супер радио и OhridPress

Охрид, 29. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Вљубеникот во филмот, фотографијата, музиката и преубавиот Охрид, Ѓоко Симјаноски денешен гостин во рубриката „Моите 3 омилени песни“ на Супер радио и OhridPress.

По професија е електро инженер, но охриѓани најмногу го препознаваат по неговата пасија – филмот, од која се изродија и полни 22 сезони на емисијата за филм „Филмско око“. Автор е и на повеќе документарни филмови, меѓу кои и „Охридското кино Парадизо“, „Охридски брилијанти“ и др.

Негов избор се песните: Noa со Beautiful That Way, Moda feat Emma со Arrivera и Danny Aiello & Hasan со Save the last dance.

Помеѓу најдобрите македонски песни, изборот на Симјаноски падна на Нина Спирова и „Молчи, молчи љубов моја“. Овој избор можете да го следите во изданието на емисијата „Мак Топ 10“, која се емитува премиерно на Супер радио секој четврток од 20:00 до 21:00 часот и репризно во сабота од 16:00 до 17:00 часот.

Рубриката „Моите 3 омилени песни“ можете да ја слушате на Супер радио, на 97.00 FM секој работен ден во 10:30 и 17:30 часот или преку нашите веб интернет канали и стриминг платформи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука