Избор Локална самоуправа

Општина Охрид распиша Јавен повик за млади истражувачи од областа на технологијата, унапредување на технолошкиот процес и заштита на животната средина

Охрид, 31. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Согласно Г2 програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2022 година точка 1. 5- Фонд за иновации, како и донесената Одлука за донесување правилник за користење на финансиски средства од буџетот на општина Охрид од фонд за иновации бр. 08-2982/8 од 15.03.2022 година, Општина Охрид објавува Јавен повик.

– Општина Охрид со цел да ги поддржи и поттикне младите иновативни истражувачи го објавува Јавниот повик за учество на ученици од средно образование кои живеат и учат на територијата на општина Охрид, за проекти од областа на технологијата, унапредување на технолошкиот процес и заштита на животната средина, информираат од охридската локална самоуправа.

Повеќе информации ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука