Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево и топло време со умерена облачност и температура до 25. степени

Охрид, 22. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денеска сончево и топло време со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне, претежно во западните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално и во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен северозападен ветер.

UV индексот ќе биде 7, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 25. степени.

– Во следните денови ќе се задржи многу топло време со максимални температури над просекот за овој период од годината. Во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено денес и утре кога локално процесите ќе бидат и поинтензивни во форма на невреме, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука