Избор Култура Струга ТОП ВЕСТИ

Струшка промоција на романот „Децата на Амон“ од Робертина Ал-Ашури

Струга, 25. јуни 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга синоќа беше промовиран романот „Децата на Амон“ од Робертина Ал-Ашури.

Авторката Ал Ашури за своето дело вели дека предрасудите се тие што ги двојат луѓето едни од други, незнаењето и мислењето дека едните се подобри од другите. Смета дека е доволно само да се чувствува и разбира со јазикот на срцето, и сѐ друго е многу лесно.

– Од денот кога станав свесна за тоа која сум и што сум, на моите родители им беше многу важно да ми покажат како да излезам на крај со бремето што сум осудена да го носам низ животот. Тоа бреме ние Египќаните го носиме со илјадници години и ништо не може да се промени од генерација во генерација. Но сепак, имам надеж дека новите, младите синови и ќерки на Амон ќе можат да го носат тоа бреме подобро, ќе бидат горди, сфатени и прифатени без предрасуди, вели Ал Ашури.

May be an image of 3 people, people standing and indoorРобертина Ал Ашури е родена во Струга. Средно училиште завршила во Охрид, а студира во Белград на филолошкиот факултет – арапски јазик и книжевност. За време на студирањето работи во српската и македонската радио телевизија. По завршувањето на студиите, работи во Египетската амбасада во Белград. Во времето на немирните збиднувања во Југославија се преселила во Јордан, а по две години во Германија, каде што живее и твори сега. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Робертина Ал-Ашури

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука