Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Втор регионален Саем на социјални претпријатија во Охрид

Охрид, 25. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во Охрид ќе се одржи вториот регионален Саем на социјални претпријатија.

– На него ќе говори Барбара Садовска, тим лидер на проектот, а свое претставување ќе имаат и градоначалници кои доаѓаат од Европската Унија како и петнаесетина социјални претпријатија од регионот. Саемот е од отворен карактер и ќе трае до 14:00 часот. Саемот, во 11:00 часот ќе го отвори советникот во советот на Општина Охрид Перчо Божиноски, информираат организаторите.

Саемот е во организација на проектот финансиран од ЕУ „Поддршка на социјалните претпријатија“, имплементиран од Ептиса, Барка, Екорис, преку Регионалниот центар за социјални претпријатија Фондацијата за поддршка на претпријатија ЕСА Охрид, каде корисник е Министерството за труд и социјална политика. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука