Избор Локална самоуправа Спорт

Ставено во употреба северното фудбалско игралиште во СРЦ „Билјанини извори“

Охрид, 3. ноември 2022 (ОХРИДПРЕС) – ЈП „Билјанини Извори“, со поддршка на Општина Охрид продолжува со планираните активности во насока на подобрување на условите на спортската инфраструктура со која стопанисува.

Во присуство на градоначалникот на Охрид д-р Кирил Пецаков е ставено во функција реконструираното северно фудбалско игралиште со природна трева кое долги години беше запоставено и надвор од секаква употреба на фудбалските школи и клубови. Во изминатиот период на истото се направија градежно-санациони активности, нивелација на игралиштето, аерификација, засадување на трева, дополнително заградување на игралиштето и поставување на систем за наводнување.

ЈП „Билјанини Извори“ согласно планот и програмата за работа на претпријатието за 2022 година ја реализира и ова предвидена активности веруваме на задоволство на сите фудбалски школи и клубови. Ставањето во функција на северното фудбалско игралиште претставува чекор напред кон комплетно уредување на тој простор со кој стопанисува јавното претпријатие. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука