Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Охридските шахисти постигнаа успех на Државното првенство во шах за oсновни и средни училишта

Скопје/Охрид, 11. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Членовите на Шаховскиот клуб „Ласкер“ од Охрид учествуваа на Државното првенство во шах за oсновни и средни училишта што во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Агенцијата за млади и спорт и Шаховската федерација на Македонија, се одржа на 9-ти декември 2022 година во Скопје.

Во категорија Основно училишта ( I-IV одд) – момчиња учествуваа 82 млади шахисти, од Општина Охрид учествуваа: Мартин Серафимоски – ООУ „Христо Узунов“, Мехмед Хамза – ООУ „Братство Единство“, Драган Анѓелески – ООУ „Григор Прличев“ и Марко Попоски – ООУ „Григор Прличев“.

Во категорија Основно училишта (VI – IX одд) – девојчиња учествуваа 22 млади шахистки, од Општина Охрид учествуваа: Емилија Лушеска – ООУ „Братство Единство“ која го освои третото место, Ивана Велкоска – ООУ „Григор Прличев“ која го освои 7 место, Емилја Целеска – ООУ „Братство Единство“ која го освои 12 место.

Во категорија Основно училишта (VI – IX одд) – момчиња учествуваа 82 млади шахисти, од Општина Охрид учествуваа: Михаил Николовски – ООУ „Григор Прличев“ кој го освои третото место, Стефан Матески – ООУ „Григор Прличев“.

Во категорија Средни училишта (момчиња и девојчиња) учествуваа 42 млади шахисти, од Општина Охрид учествуваа: Никола Николовски ученик во III година – ОСУ „Св. Климент Охридски“, Стојан Велкоски ученик во III година – ОСУ „Св. Климент Охридски“, Иван Велкоски ученик во II година – ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ и Елена Лушеска ученичка во I година – ОСУ „Св. Климент Охридски“, која го освои 1 место во женска категорија.

– Патувањето на учениците беше организирано од страна на Општина Охрид, информираат од клубот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука