Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Радован Поповски од ККК „Стрмец“ од Охрид прогласен за најдобар тренер во дисциплината кајак спринт на мирна вода

Скопје/Охрид, 16. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Радован Поповски од ККК „Стрмец“ од Охрид прогласен за најдобар тренер во дисциплината кајак спринт на мирна вода на изборот на најдобар кајакар за 2022 година, кој во организација на Кајакарската Федерација на Македонија се одржа вчера во Скопје.

Наградите беа доделени во трите дисцилини кои се актуелни во кајакраскиот спорт:

За најнадежен млад кајакар во дисциплината кајак спуст на дива вода е прогласен Благој Гугунов од Кајак Кану Клуб „Арка Борец“ од Велес. Плакета за најдобар млад кајакар во дисциплината спуст доби Кристијан Лазаров, додека за најдобар кајакар во спуст-спринт е прогласен Аслександар Златаров. Плакетата за најдобар кајакар во спуст-класик ја доби Љубомир Спасиќ, а најдобар тренер во оваа дисциплина е Љубомир Спасиќ од ККК „Арка Борец“ од Велес.

Во дисциплината кајак спринт на мирна вода за надежна млада кајакарка е прогласена Јана Патче од ККК „Црн Дрим“ од Струга. Плакета за најнадежен млад кајакар во дисциплината спринт доби Слободан Попоски, за најдобар кајакар во оваа дисциплина е прогласен Никола Малески од ККК „Радика“ од Дебар, додека за најнадежен млад кајакар е прогласен Јован Циркоски од ККК „Дрим“ од Струга. Најдобар тренер во оваа дисциплина е прогласен Радован Поповски од ККК „Стрмец“ од Охрид.

Во дисциплината кајак слалом на дива вода Плакета за најнадежен млад кајакар доби Христијан Смилев од Кајакарскиот клуб „Бабуна“ од Велес. За најдобар млад кајакар беше прогласен Стефан Рибарски, за најдобра кајакарка пак е прогласена Олгица Мелова ККК „Просек“ од Демир Капија, најдобар кајакар во оваа дисциплина е Ангел Петрушев, додека за најдобар тренер е прогласен Димче Стефановски од ККК „Вардар“ од Велес.

Најдобар кајакар за 2022 година (кајакар на годината) е прогласен Ангел Петрушев со освоено 2. место на 53 Илинденски кајак слалом „ИКАС 2022“, 36-то место на Светски куп за Сениори во Краков Република Полска, 19-то место на Светско првенство во кајак слалом за Јуниори во Ивреа, Италија и 4-то место на Европско Јуниорско првенство во кајак слалом на диви води во Чешке Буџевице.

На оваа манифестација беа доделени благодарници за Ветераните во овој спорт Илија Младеновски, Ивица Крстиќ, Трајко Ангеловски и Перо Доновски како и за Агенцијата за Млади и спорт и Олимпискиот комитет на Република Македонија за посебен придонес во реализација и афирмација на кајкарскиот спорт во Репубика Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука