„Гладијаторите“ на гости кај Вардар Неготино ја заокружуваат есенската полусезона
Охрид, 16. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Се заокружуваат натпреварите во есенската полусезона во ракометната Супер лигата.
Во рамки на 14 коло ГРК Охрид денеска му гостува на Вардар Неготино.
И овој пат за „гладијаторите“ победата е императив. Бекот Дејан Шешиќ очекува да го дадат максимумот и оваа полусезона да ја завршат како што треба.
– Да не го доведеме во прашање исходот на мечот и нашите бодови. Одиме во Неготино по три бода и да одиме на заслужен одмор. Нема да дозволиме натпреварот да отиде во неизвесност како што тоа беше случај дома, вели Шешиќ.
Натпреварот е со почеток во 18:30 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |