Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Показни вежби на волонтерите од Црвен крст за последиците од користење петарди

Охрид, 20. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во пресрет на новогодишните празници, волонтерите од Црвен крст Охрид во соработка со СВР Охрид спроведуваат акции за зголемување на свесноста кај населението за последиците од користењето на петарди и други пиротехнички средства.

– Новообучените волонтери од тимот за прва помош и тимот на шминкери за реално прикажување на повреди имаат можност да ги покажат своите знаења преку изведување на симулација на ампутирани прсти и изгореници како резултат од користењето на петарди заедно со волонтерите од Клубот на млади, информираат од Црвениот крст.

Показната вежба во склоп со предавањето на СВР Охрид за штетните ефекти на овие предмети ќе се изведува во сите основни училишта на територијата на општина Охрид. Минатата недела беа опфатени учениците од „Братство Единство”, „Св. Климент Охридски”, „Ванчо Николески“ и „Кочо Рацин”. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука